Православните Христијани за Бадник практикуваат да бидат дома со семејствата, на богата трпеза со посни јадења, и секако со леб или погача со паричка, за која се смета дека ќе му донесе година полна среќа на оној на кој ќе му се падне.
Ако веќе не направивте или не купивте леб, ви нудиме видео рецепт за погача:
Состојки:
700 гр брашно
300 мл млака вода
1 лажичка сол
30 гр квасец
1 дл масло
1 лажиче шеќер
Подготовка:
Квасецот и шеќерот се ставаат да се соединат, па се додаваат малку брашно и млака вода.
Се става нараснатиот квасец со брашното, водата, масло и сол, па се меси тесто. Нека нарасне, па поделете три топки.
Секоја развлечете ја на работна маса, на првата ставете маргарин, па втората кора, па третата.
Потоа завиткајте ги како полжав, па бидејќи сега е Бадник, ставете паричка. Се е прикажано во видеото: