Наскоро туристите во светот ќе можат да доживеат незаборавен одмор – да спијат под вода со рибите во футуристички хотел на дното на океанот.
Planet Ocean Underwater Hotel добил патент да основа прв подводен хотел во светот. Сè уште не е јасно каде ќе се наоѓа хотелот, иако преференциите на дизајнерите се за дестинации како Египет, Малезија, Хаваи и Бахамите. Гостите ќе добијат неверојатна шанса да уживаат во единствена панорама на неверојатни 8,5 метри под површината на водата.
Амбициозниот проект има за цел да создаде луксузен хотел лоциран длабоко под кристално чистите води на морето. Откако веќе имаат добиено патент, авторите на идејата се надеваат дека ќе изработат ланец од слични подводни хотели низ целиот свет, кои ќе го привлекуваат вниманието на авантуристичките туристи.
Тони Веб, човекот кој стои зад дизајнот на хотелот вели дека една од главните цели е и обновување на загрозените корални гребени во светот. Хотелот може да се движи низ океанските води, користејќи технологија за електромеханички погон. Тоа значи дека тој ќе може да побара засолниште во случај на ураган.
Се проценува дека за изградба на 12-собниот хотел ќе бидат потрошени 20 милиони долари.