Запирањето на Русија е заедничка мисија на сите цивилизирани земји, изјави советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак.
„Зошто светот посветува повеќе внимание на Украина отколку на Африка или на Истокот?“, напиша Подољак на Твитер.
„Војната во Украина не е локален конфликт, прашање е како ќе изгледа светот утре. Ако дозволиме Русија да победи, ќе ја отвориме Пандорината кутија и ќе го турнеме човештвото во мрачен период“, додаде тој.
„Секој автократ тогаш би можел да испровоцира судири, да окупира земји и да истребува нации. Запирањето на Русија е мисија на сите цивилизирани земји. Има уш те време, но треба да побрзаме“, напиша советникот на украинскиот претседател.
МИА