За разлика од претходните изданија на десктоп оперативниот систем Windows 8 се соочи со многу контроли во годината откако е достапен.
Секој пат кога компанијата прави драстични промени на Windows добива поразителни критики од корисниците. Истото се случи и со Windows 8. Microsoft се најде во тешка ситуација по лансирањето на Windows 7. Борејќи се за релевантност во мобилниот сектор, компанијата се обиде да ја пополни празнината во своето портфолио со додавање на пријателски интерфејс на допир над десктоп на Windows.
Како и да е Metro дојде со огромен број на прашања и жалби најмногу поради лошите избори во употребливиот дизајн, делот на кој се надевавме дека Microsoft ќе го поправи на Windows 8.1. Пред да ја инсталирате бесплатната надградба следниот четврток, погледнете ги подобрувањата и недостатоците.
Windows пребарувањето е многу подобрено, но сеуште е далеку од совршено – Windows 8.1 направи подобрувања со универзалното пребарување што работи добро поголем дел од времето, вклучувајќи капацитети за семантички пребарувања. Ако користите оперативен систем Х ќе забележите дека Мас се одржува на највисоко ниво со корисните резултати. На пример овој оперативен систем го запомнува изборот на претходното побарување, а резултатот е позначаен во идните пребарувања со помалку кратенки.
Копчето Start е назад – Како што сте чуле многупати досега тоа е само копче, не мени, иако менито со десен клик со моќни корисни поставувања и кратенки се сеуште присутни. Враќањето на Start копчето е позитивна промена и работи најдобро кога правите конфигурација од почетниот екран со најкористените апликации и кратенки.
Но, сепак почетниот екран има проблем да се направи конфигурација со употреба на глувчето. Додека додавањето на поголеми и помали плочки го подобрува целокупното искуство споредено со она што го имаме во Windows 8, почетниот екран сеуште не може да се манипулира доколку сакате да додавате, отстраните или избришете емајлирани плочи. Ново инсталираните програми не се додаваат на Start автоматски, што може да биде и добро и лошо, но без соодветна интеграција на Start или на десктоп апликациите интеракцијата меѓу две лица е неуспешна.
All Programs екран – Microsoft одговара на “разводот” помеѓу десктоп апликациите и Start плочките, а тоа е All Programs, но го отежнува пребарувањето со безброј непотребни кратенки за датотеките за помош и други непотребни работи. Се чини како да лизгате низ секоја кратенка од вашето старо Programs менито.
Споделување на позадина на десктоп и Metro корисничкиот интерфејс – Штета е што Microsoft не го прави ова стандардно поставување, како што претставува еден од главните подобрувања на Metro начинот и на десктопот заедно. Модерните кориснички интерфејси беа наменети за Windows 8, затоа многу луѓе го избегнуваат оперативниот систем. Дизајн јазиците се многу различни, правејќи да коегзистира спогодбено е нешто што го прави Microsoft Windows 8.1 вреден за инсталирање, а и ужасната позадина со цвет не е веќе стандардна.
Boot to desktop – Конечно Microsoft ја има оваа опција за декстоп. Hot corners се достапни, а од нив особено ќе имате корист доколку сте корисник на десктоп со повеќе монитори. Промената ви помага да заборавите на Metro. Hot corners се уште се принудени во други области – Подобрување има во детектирање дали работите со десктоп, лаптоп, таблет или контекстуални релевантни мениа.
Во голема мера подобрени Metro апликации и помош – Новата Skydrive апликација дава Explorer-esque начин од справувањето со датотеките од Metro корисничкиот интерфејс. Skype изгледа одлично и ја заменува старата Messaging апликација. Mail e подобар, но многу ограничен, добивате и широк спектар на опции во менито за поставувања и многу визуелни помагала што објаснуваат како да работите со оперативниот систем.
Стандардни датотеки на асоцијации на Metro апликациите – Поставени се како стандардни за отворање на PDF документи, фотографии и други популарни формати на датотеки, иако тие не се оптимиизрани за навигација со глувчето, не можете да манипулирате со датотеките (copy, paste, print, move windows). Решението е исто како со Windows 8, инсталирајте и направете конфигурација на вашите омилени десктоп апликации како со новите стандарди.
Инсталирање на високо квалитетни апликации од Windows Store – Кога работи добро инсталирањето на апликации од Store изгледа магично. Два клика и бум се вчитува нова програма. Ако сте избрале голема апликација превземањето ќе започне во позадина. Суптилните известувања за статусот ќе Ви кажат кога програмата завршила со превземањето, инталирањето и кога може да работите.
Сите оние Metro апликации што немаат причина да постојат – Темелна трансформација е потребна за да биде Metro апликација корисна за десктоп. Поголемиот дел на апликации што припаѓаат на веб сервисот нудат помалку искуство од нивниот Интернет пребарувач. Во некои случаи тие не се официјални апликации и Microsoft не прави доволно да го реши овој неред.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk