ПОДГОТВЕТЕ СЕ Ова се новите сестри Кардашијан

Надин, Алис и Фарах Абдел Азиз поради својот гламурозен начин на живот и чувство за мода се прогласени за либански одговор на сестрите Кардашијан.

А сега, баш како Ким, Кортни и Клои, овие сестри ќе имаат свое реално ТВ шоу кое ќе го прикажува нивниот секојдневен живот во Бејрут.

Screenshot_5

Либанската телевизија „LBC“ најави дека наскоро ќе почне да го прикажува ТВ шоуто „Сестри“, а камерите ќе ги следат овие три уабвици секаде.

Тие три се познати во својата земја благодарение на нивните Инстаграм профили и блогот „Style in Beirut“, кој го започнале во 2013 година. Тие сега на Инстаграм имаат преку 100.000 следбеници и секојдневно објавуваат импресивни слики кога се во прашање стилот и модните трендови.

Screenshot_6

Тие три, исто како и сестрите Кардашијан, имаат долги, темни и сјајни коси и сакаат да носат раскошна облека од познати дизајнери. Исто така, сакаат да се фотографираат и да ги објавуваат сликите на Инстаграм.

Screenshot_7

Како и Ким Кардашијан, средната сестра Надин е веќе позната и затоа е одговорна за лансирање на ова реално шоу. Таа е модел за една агенција од Дубаи, а била во финалето на светскиот избор за Мис Туризам 2012 година. Таа зборува четири јазици, вклучувајќи руски и арапски и сака да чита, плива и патува. Моментално е многу популарна во Либан.

Screenshot_8

Најстарата сестра Алис е најшколуваната во семејството која дипломирала маркетинг во 2009 година на Либанско-америкаански универзитет. Таа го основала и го води модниот блог на своите сестри, а исто така работи и како консултант.

Screenshot_9

Најмладата сестра Фара, позната како Фафи, исто така поседува диплома по менаџмент од униварзитетот Свети Јосиф во Бејрут, а работела во банка.

Screenshot_10

Сите три сестри и самите се големи обожаватели на сестрите Кардашијан и би сакале како и тие да достигнат светска популарност преку своето реално шоу, кое премиерно ќе почне да се прикажува при крајот на месецот.

- Реклама -