Доколку организирате дочек на новата година, бидете сигурно дека ќе биде забава која ќе се запамети!
Некои од организаторите на светски настани имаат неколку одлични совети за тоа како вашата забава да биде забава на годината.
Скршете го мразот
„Не сите сакаат да играат Твистер во 21 часот кога ќе пристигнат. Помагајќи им на луѓето меѓусебно да се запознаат, можете да ја започнете забавата. Ние употребувавме еден магионичар во минатото, кој не правеше ништо посебно, само се шеташе наоколу и со неговата енергија ги расположуваше останатите. Една од најдобрите одлуки што сме ја направиле!“ – Ralph Cochrane, Creative Grid
Бидете дел од забавата
„Направете посебен коктел направен така што ќе одговара на темата за вашиот настан. Тоа ќе ги натера луѓето меѓусебно да разменат неколку реченици, а по некое време, конечно, и забавата ќе започне!“ – Elinor Barnatt, Old Spitalfields Market
Направете нешто различно со храната
„Зошто Новогодишната трпеза да не биде на стапче? Или, пак, направете богата трпеза со работите што најдобро умеете да ги направите. Сигурно гостите ќе бидат задоволни со тоа што храната не е купечка, туку домашна, специјално зготвена за пригодата!“ – Samme Allen, Barbican
Однесувајте се убаво со вашите гости
„Слатки, мали елементи и внимателни моменти се фантастичен начин да ја покажете вашата креативност и грижа за гостите. Овие работи ќе ја направат забавата незаборавна. И секако, подароците се секогаш полн погодок!“ – Lucy Hughes, Circus Bar
Задржете ја ексклузивноста
„Секој сака барем малку ексклузивност. Викајќи ги гостите ‘само со покана’, веднаш му давате вредност на вашиот настан. Слободен влез често значи дека луѓето нема да се појават.“ – Ralph Cochrane, Creative Grid
Но сепак бидете реални
„Немојте да се форсирате. Вашата цел е да му пружите на вашиот гостин убав, незаборавен настан, и тоа треба да биде вашата единствена амбиција. Погрешно е многу да навлегувате во деталите, секогаш постои ризик од уништување на целата вечер.“ – Mark Fuller, Concept Venues
Музика
„Музиката ја поставува целата атмосфера на вашата забава, и често е кршач на мразот. Испланирајте ја плејлистата внимателно, доколку немате диџеј.
За првиот час, наместете музика што ќе ги натера луѓето да се насмеат и да се расположат. Дополнително, во листата додадете и повеќе музички жанрови за да ги употребите кога ќе сакате да видите на која музика вашите гости ќе реагираат позитивно. После тоа е лесно да ги задоволите.“ – Marion Gamel, Eventbrite
Нека биде светкаво
„Немате финансии за професионално осветлување? Без паника! Свеќите можат да дадат прекрасен сјај и често ја прават атмосферата празнична, елегантна и помалку интимна. Набавете многу свеќи и наредете ги во ходникот, собата и дворот.“ – Marion Gamel, Eventbrite
…и тематски!
За вашата забава да биде незаборавна, дадете и тема. На пример, би можело да биде поврзано со музика (“Back to the 90’s”), или, пак, со декор (“Bollywood exstravaganza”). – Marion Gemel, Eventbride