Летото е на самиот праг па се почесто сме во ситуација кога треба да ги соголиме нашите стапала. За да изгледаат свежо, младо и негувано, ние имаме неколку совети за вас:
Турпија за пети
Потопете ги стапалата во вода со сол, па со турпија отстранете ја мртвата кожа. Маслото од какао или јојоба ќе им подари мекост на вашите стапала, а свежите етерични масла ќе го освежат нивниот мирис.
Маска
И за стапалата постојат маски. Доколку се одлучите за некоja со гллина, тоа ќе ја прочисти вашата кожа, а оние со есенцијални масла ќе ги направат посвежи.
Лосион за стапала
Се користи наутро бидејќи на работното место со часови одиме или седиме, а навечер за релаксација, за стапалата да се одморат, разладат, да се намали отеченоста и да се омекне тврдата кожа.
Пудра
Пудра против непријатните мириси е нешто што не смеете да го избегнувате или да се срамите да го употребувате. Најдобри се оние кои содржат лимон или некакви лековити билки.