Подготовки за Водици во Гостивар-Во тек е пријавување за вадење на светиот крст од Вардар

На 19 јануари православните верници го прославуваат големиот празник Богојавление-Водици, чие чествување во Гостивар секоја година станува се помасовно, со учество на литијата низ градските улици и церемонијата на положување на светиот крст во Вардар.

Иницијативниот одбор за чествување на празникот информира дека сите заинтересирани за вадење на чесниот и животворен крст од водите на Вардар може да се пријават на:  078-998-554 или 070-388-427.

Во известувањето на Иницијативниот одбор со благослов на Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф се вели: „Се известуваат и се покануваат  сите православни Христијани, на ден 19.01.2024 год (петок), по повод големиот Христијански празник “БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ,, сите заедно да ја продолжиме оваа света и вековита традиција, од голема  исклучителна важност е во што поголем број да се собереме пред  Соборниот Храм на Пресвета Богородица од каде ќе тргне литијата кон кејот на реката  Вардар.“

Литијата од пред храмот „Успение на Пресвета Богородица“ тргнува во 11:30 часот. Ќе заврши на кејот на Вардар, каде што ке се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и положување на светиот крст.

Богојавление – Водици народот го празнува како еден од најголемите христијански празници. На тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител, во реката Јордан. Со тоа се укажува на значењето на крштевањето како една од светите тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Извор

- Реклама -