Со елан и позитивна енергија вчеравечер во Гостивар официјално започнаа подготовките за годинешото чествување на големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Заследете нѐ на Телеграм
На координативен состанок свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво, Иницијативниот одбор и кумовите на славата ги дефинираа деталите околу обврските кои вклучените треба да ги преземат и натамошните чекори за достоинствена и величествена прослава на празникот.
На поддржувачи и соработници им беа доделени Благодарници за дадениот придонес во одбележувањето на Богојавление-Водици во Гостивар.
„Доделуваме Благодарници на сите оние кои ја поддржуваат и помагаат манифестацијата откако се возобнови традицијата, тоа се фирми кои донираа средства, наши пријатели и поединци кои секогаш се присутни да помогнат околу организирањето. Се надеваме дека секоја година ќе бидеме се‘ побројни и ќе го шириме нашето православно друштво. Наше е секоја година да продолжиме со организирање на оваа манифестација, да го величиме нашето православие, вера и она што го почнавме како Иницијативен одбор“, беше речено на состанокот.
Благодарница доби и нашиот медиум Gostivarpress.mk.
Традицијата на чествување на Водици со положување на светиот крст во водите на Вардар во Гостивар, по пауза од 70 години беше возобновена во 2015 година.
Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз