Под истрага и вториот гостин на Груевски од Царинска управа

Директорот на Царинската управа – Ѓоко Танасоски, потврди дека освен Александар Трајковски уште едно лице вработено во Царинска управа било во посета на Груевски во Будимпешта, пренесува САКАМДАКАЖАМ.мк.

Второто лице, кое беше снимено во друштво на Груевски на ручек во елитниот ресторан „57“ во еден од најбогатите делови на Будимпешта, земало два дена годишен одмор и еден слободен ден.

Танасоски одбива да открие повеќе детали, бидејќи, како што тврди, освен за бегството на Груевски, обвинителството води и друга истрага околу лицето, за која јавноста наскоро ќе биде информирана.

 

Повеќе на СДК.мк.

- Реклама -