PocketBook Aqua е еден од ретките читачи на е -книги на пазарот, отпорни на вода. Оваа карактеристика не е за занемарување, со оглед дека многу луѓе ги користат овие уреди при најразлични услови – додека јадат или пијат, или пак додека се на базен.
Освен тоа дека компанијата го направила свој уред отпорен на вода, тие се погрижите да го заштитат и од прав давајќи предност на додадена на Aqua.
Е-читачот има екран од типот E – Ink со ниска резолуција и 4 GB внатрешна меморија, која за жал не може да се проширува поради недостатокот на microSD слот. Но и овој обем е доволен за складирање на голем број е-книги.
Aqua ќе остане функционален дури под вода – на длабочина до 1 метар, во текот на 30 минути.
Уредот поддржува Wi- Fi и има процесор со фрекфенција 1GHz , дополнет од 256 MB RAM. PocketBook Aqua работи со сопствен софтвер, а на европскиот пазар е достапен по цена од 109 евра.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk