Како што се ближи Новата година, едвај ги чекаме неработните денови.
Па затоа непосредно пред почетокот на годината, да се потсетиме кои денови ќе можеме да одмараме дома и да уживаме во прослва.
За сите граѓани на РМ
• 01 јануари (четврток), Нова Година
• 07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 01 мај (петок), Ден на трудот
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај
(понеделник) е неработен ден
• 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 06 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука