Почнува судењето за Меѓународен сојуз – Боки 13: „Едвај чекам да дојде 1 јули“

„Едвај чекам да дојде 1 јули“, беа зборовите на Бојан Јовановски – Боки 13 кога откако беше осуден на 9 години затвор во судница зборуваше дека нема да бега и затоа треба да излезе од притвор и да се брани од слобода.

Во предметот освен Бојан Јовановски, обвинет е и неговиот татко, Миле Јовановски, пратеничката Фросина Ременски, заменик претседателката на сојузот Јасна Мандиќ како и асистентката Христина Блажевска.

Миле Јовановски според обвинението ги земал парите од Боки 13 и ги уплаќал на својата девизна сметка. И тој по распитот кај Русковска тврдеше дека е невин.

Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажевска за помагање на двете дела (измама и перење пари), а таткото на Боки за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Случајот ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска и Софче Гаврилова -Ефремова. Но сега судијката Гаврилова -Ефремова ќе биде на чело на судечкиот совет, а судијката Николовска -Масевска е втор судија.

- Реклама -