Почна судењето на Французинот кој е обвинет дека ја дрогирал сопругата и ангажирал 72 мажи да ја силуваат

Адвокатите на сопругата наведуваат дека таа била под тешки седативи и не знаела за злоставувањето. Полицијата открила најмалку 92 случаи на силување извршени од 72 мажи. Во текот на истрагата, педесет од нив се идентификувани и им се суди заедно со нејзиниот сопруг

Во Франција започна судењето на мажот кој наводно постојано ја дрогирал и силувал својата сопруга организирајќи десетици мажи сексуално да ја злоупотребуваат. Обвинетиот Доминик П. (71) пронашол непознати лица на Интернет, а потоа ги регрутирал да дојдат во неговиот дом и сексуално да ја злоупотребуваат жртвата.

Адвокатите на сопругата наведуваат дека таа била под тешки седативи и не знаела за злоставувањето. Полицијата открила најмалку 92 случаи на силување извршени од 72 мажи. Во текот на истрагата, педесет од нив се идентификувани и им се суди заедно со нејзиниот сопруг.

За злоупотребата дознала дури во 2020 година, откако била известена од полицијата

Жртвата, која сега има 72 години, за злоставувањето дознала дури во 2020 година откако била известена од полицијата.

„Судењето ќе биде вистинска тортура за неа“,

изјави нејзиниот адвокат Антоан Ками за АФП, бидејќи тоа ќе биде првпат да го види видео доказот за злоупотребата.

Властите почнале да го истражуваат Доминик П. по инцидентот во септември 2020 година, кога бил фатен од чувар како тајно под фустаните на три жени во трговски центар.

Полицијата потоа на неговиот компјутер пронашла стотици фотографии и видеа од неговата сопруга во несвест. Злоупотребата наводно започнала во 2011 година. Инспекторите пронашле и комуникации на Интернет во кои Доминик П. регрутирал непознати лица да дојдат во неговиот дом и да ја силуваат неговата сопруга. Наводно немало размена на пари.

Некои ја силувале шест пати

Обвинетиот во полиција признал дека на сопругата и дал силни седативи, вклучително и лек против анксиозност. Обвинетите силувачи, на возраст меѓу 26 и 74 години, во голем дел ја злоставувале жената во ееден наврат, додека некои ја силувале и до шест пати.

Во текот на судењето одбраната изјави дека парот ги извршувал своите сексуални фантазии, но вештакот рекол дека жртвата не била успиена, туку била во состојба на кома. 71-годишникот беше обвинет за убиство и силување во 1991 година, што тој го негира, и обид за силување во 1999 година, што го призна по ДНК анализа. Судењето треба да трае до 20 декември.

- Реклама -