Почна акцијата за извлекување на 12-те деца заглавени во пештерата. Децата ќе бидат влечени со јаже

Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Како што се гледа на симката, во пештерата е „мрачно, влажно и многу клаустрофобично“.

Групата e заробена на мал гребен на 4 километри во внатрешноста на пештерата Там Луанг, но поради стравувањата дека нивото на водата може да се зголеми, официјалните лица одлучија дека повеќе не смеат да чекаат.

Регионалниот гувернер Наронгсак Осотанакорн, кој ја предводи операцијата, потврди дека 18-мина нуркачи ќе учествуваат во операцијата.

Двајца нуркачи ќе го придружуваат секое момче, носејќи маски на лицата додека ги поминуваат премините со јаже. Целта е да стигнат до третата комора која е исушена до степен да е можно да се оди по неа, и да стигнат до влезот во пештерата во која влегле на 23 јуни.

Кога ќе се соочат со особено тесна патека пред себе, нуркачите ќе ја испуштат боцата од грб и полека ќе ја тркалаат додека го водат момчето. Ова значи дека момчињата никогаш нема да мора да бидат сами, како што претходно се стравуваше.

- Реклама -