Починало бебе за време на транспорт од Прилеп кон Скопје

Случајот бил пријавен во полиција, а телото на починатото бебе било предадено на обдукција, по насоки на јавен обвинител

Бебе на осум месеци починало вчера за време на транспортот од Прилеп кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на информации од СВР Битола. Бебето било транспортирано со возило на Итната медицинска помош.

Претходно било однесено во прилепската болница во тешка здравствена состојба, од страна на мајката.

Случајот бил пријавен во полиција, а телото на починатото бебе било предадено на обдукција, по насоки на јавен обвинител.

- Реклама -