Светски познатиот шпански гитарист и изведувач на фламенко Пако де Лусија починал во Мексико, соопшти денеска Градското собрание во неговиот роден град Алхесирас, во областа Андалузија, Јужна Шпанија.
Причина за смртта на еден од најголемите мајстори на фламенко-гитарата бил срцев удар.
Смртта на гитаристот е непоправлива загуба за светот на културата и за Андалузија, изјави градоначалникот на градот Хозе Игнасио Ландалусе.
Пако де Лусија е роден на 21 декември 1947 година во Алхесирас и постепено станува светски познат гитарист, кој го модернизира традиционалното фламенко. Во неговиот роден град официјално е прогласен ден на жалост.