Почина најстариот човек во Европа

Најстариот маж во Италија, Триполи Џанини, почина денеска на 111-годишна возраст.

Џанини, чиј прекар е Триполино, починал во својот дом во Сечина, во Тоскана, пишува Гардијан.

Тој бил вториот најстар човек во Европа, по Андре Лудвиг, Французин кој е 75 дена постар.

„Тој веруваше дека е бесмртен. Меѓутоа, во 9 часот и 30 минути наутро почина татко ми Триполи Џанини. Имаше 111 години и 133 дена. Ѝ се придружува на сопругата Тоска, мајка ми, која го чекаше повеќе од 40 години“, напиша синот на Џанини, Романо на Фејсбук.

Џанини, кој припаѓал на пешадискиот корпус на италијанската армија, е роден во Чечина во 1912 година и преживеал две светски војни и две пандемии.

За време на прославата на неговиот 111 роденден минатиот август, тој рече дека тајните на неговата долговечност се лесни оброци, секогаш придружени со вино, живот без стрес, третирање на секој ден како подарок и е непушач.

Според податоците на италијанската агенција за статистика, во 2023 година во Италија живееле околу 22.000 луѓе над 100 години, што е највисока регистрирана бројка досега.

Извор

- Реклама -