И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки. За своето творештво, Николова доби многубројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја доби наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја доби истата награда, овој пат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја доби таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца
Почина Оливера Николова (родена во Скопје, 1936), македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. Оливера Николова, која многумина ја нарекуваат „мајка на сите македонски писателки“, ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век.
Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го помина во Македонската радио-телевизија работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.
Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (ТВ-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (ТВ-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (ТВ-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радиодрами: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.
Вредностите на Оливера Николова во македонската книжевност за деца, од нејзината прва книга, континуирано, се мошне високо рангирани. Сите критичари кои се занимавале со нејзините книги за деца потенцирале дека со нејзиното творештво македонската книжевност за деца се збогатува со дотогаш неоткриени мотиви.
И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки. За своето творештво, Николова доби многубројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја доби наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја доби истата награда, овој пат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја доби таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закити и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.
Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа е номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“. Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележа јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објави избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освои наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, два пати „Роман на годината“, „Рациновото признание“ и наградата „ПрозАРТ 2022“ на фестивалот „Про – за Балканот“ за авторски придонес за развојот на книжевноста на Балканот. Во февруари 2016 година, за романот „Кадифената покривка“ (издание на „Матица македонска“), Николова ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година. Истовремено, романот „Куќичка“ е објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.
Добитничка е на Орден за заслуги за Македонија во 2024 година.