Почина мајката на Витни Хјустон


Сиси Хјустон, иконата на госпел музиката и мајка на починатата музичка дива Витни Хјустон, почина на 91 годишна возраст.

Сиси починала во својот дом во Њу Џерси во понеделникот, на 7 октомври, додека била под нега поради Алцхајмерова болест, потврди нејзината снаа Пат Хјустон.

„Нашите срца се исполнети со болка и тага. Ја загубивме главата на нашето семејство“, рече Пат во изјавата.

„Мајка Сиси беше силна и возвишена фигура во нашите животи. Жена со длабока вера и убедување, која се грижеше за своето семејство, службата и заедница. Нејзината повеќе од седумдецениска кариера во музиката и забавата засекогаш ќе остане во нашата срца“, рече таа.

Снаата на Сиси додава дека нејзиниот придонес за популарната музика и култура е бесценет.

-Благословени сме и благодарни што Бог ни дозволи да поминеме толку многу години со неа и благодарни сме за сите скапоцени животни лекции што ни ги даде. Нека почива во мир покрај нејзината ќерка Витни, внуката Боби Кристина и другите драги членови на семејството, вели Пат.

- Реклама -