Фронтменот на славната група „Моторхед“, Леми Килмистер, почина денеска на 70-годишна возраст, по кусата борба со агресивниот рак кој му беше дијагностициран пред 3 дена.
Тој го формираше Моторхед уште во 1975 година и беше негов единствен постојан член. Оттогаш снимија 23 албуми, вклучувајќи го и Ace of Spades, со кој стана еден од најпрепознатливите гласови и лица во светот на музиката.
Почивај во мир, легендо!