Почина италијанскиот режисер Еторе Скола

Италијанскиот режисер Еторе Скола, нарекуван “еден од последните великани” на италијанското кино, почина на 84-годишна возраст во Рим.

Креаторот на повеќе од 40 филма, од кои три наменети за светското кино го напушти овој свет на кардиолошкиот оддел во болница во Рим, каде што беше донесен како итен случај за време на викендов.

es
Од неделата 84-годишниот уметник се наоѓал во кома.

„Веќе не успевам да живеам во светот на филмот како порано – со радост и леснотија. За мене е исклучително важно да имам слобода на избор и да се откажам кога ќе проценам дека тоа е потребно. Почнав да се чувствувам должен да ги почитувам правата, кои ја ограничуваат мојата слобода“, е еден од коментарите за денешната кинематографија кои режисерот ни ги остави во наследство.

„Денес на пазарот, изборот го диктира секој. Всушност пазарот беше важен и порано, но продуцентите сепак беа склони да ризикуваат и да експериментираат. Економската криза очигледно ги искомплицира работите. Со оглед на мојата напредна возраст, донесов правилна одлука. Не жалам за ништо. Секогаш сум работел со голема слобода, но во еден момент се чинеше дека е подобро да се пензионирам “, дополнува Скола.

_87800570_87800569

„Зошто бев толку привлечен од “Балот”? Можеби затоа што моите филмови, повеќе наликуваат на ” театар “, отколку на ” кино “, но најмногу затоа што во” Балот ” ги открив трите теми кои што ме прогонуваат: времето, осаменоста и личната приказна која ја храни официјалната историја “, вели Скола за филмот од 1983-та.

Тој започнува да пишува сценарија во 50-тите години, пред да стане режисер во 1964 година со својот прв филм “Дозволете да поразговараме за жените”.

Два пати е номиниран за “Оскар” и е добитник на бројни филмски награди.

Италијанскиот премиер Матео Ренци изрази тага по веста за смртта на еден од основоположниците на Италијанското кино, кој преку својата работа стана дел од историјата, општеството и промените.

Скола има 40 филмови во својата долга кариера, низ која што работел со ѕвезди како Марчело Мастроиани, Софија Лорен, Виторио Гасман и Нино Манфреди.

- Реклама -