Почина фудбалската легенда Благој Истатов (1947 – 2018)

Едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал Благој Истатов почина на 71-годишна возраст, информираа денеска од неговото семејство.

Истатов е едно од најлегендарните имиња кое остави силна трага во македонскиот фудбал. Роден е на 5. април 1947 година во Струмица. Од најмала возраст почнува со фудбалот во својот роден град, притоа одбирајќи ја голманската позиција. Својата играчка кариера ја почна во Беласица, беше дел и од прилепска Победа, но најславните свои фудбалски денови ги имаше во дресот на белградски Партизан преку кој стигна и до дресот на репрезентацијата на поранешна СФРЈ. Последните две години од активната кариера од 1976 до 1978 година ги мина во холандски Утрехт.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

По крајот на играчката кариера беше тренер на Беласица и повеќе домашни клубови, а беше и дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Изминативе години и натаму беше активен во фудбалскиот живот како член на УО на ФФМ, но и преку еден од најдобрите домашни спортски комплекси во Дојран кој е подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.

Извор: Екипа.мк

- Реклама -