Почина фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ

Бора последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија

Фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, по тешко боледување почина на 72 години во болница во Љубљана.

„Почитувани пријатели, со тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат Борисав Бора Ѓорѓевиќ нè напушти. Почивај во мир драг наш Боки“,

се наведува во соопштението на бендот.

Бора последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија.

Тој беше роден во 1952 година во Чачак, а во поранешна Југославија остави голем белег на јавната сцена како рок-музичар и поет, а извесно време беше активен и на политичката сцена.

Поголемиот дел од својот живот го посвети на музиката, со која почна да се занимава уште во тинејџерските денови, а во седумдесеттите беше член на поп и рок-групи како „Заједно“ „Сунцокрет“ и „Рани мраз“ (заедно со Ѓорѓе Балашевиќ).

Сепак, најголема популарност ја со групата „Рибља чорба“, која ја основа во 1978 година и со која сними многубројни хитови како „Кад ходаш“, „Лутка са насловне стране“, „Погледај дом свој анѓеле“.

- Реклама -