Џон Мејол, пионер на англискиот блуз и рок, пејач, текстописец и мултиинструменталист, почина на 90-годишна возраст во својот дом во Калифорнија, објавено е на неговата страница на Instgram.
„Здравствените проблеми кои го принудија Џон да ја заврши својата епска турнеја кариера на крајот донесоа вечен мир на еден од најголемите светски ‘талкачки воини’“, се вели во објавата.
Музичката кариера на Мејол трае повеќе од педесет години, а своето најголемо влијание и популарност го постигна во 60-те години на минатиот век, кога го предводеше бендот John Mayall & the Bluesbreakers, кој делуваше како еден вид инкубатор за многу британски таленти.
Многу подоцнежни познати музичари поминале низ Блузбрејкерс, како Ерик Клептон, Џек Брус и Питер Грин.
Уште од раното детство, Мејал слушал американски блуз музичари како што се Лидбели, Алберт Амонс, Пинетоп Смит и Еди Ланг, и самиот се научил да свири на пијано, гитара и хармоника.
На почетокот на 60-те, тој ги основа Bluesbreakers, кои започнаа да настапуваат во познатиот лондонскиот клуб „Marquee“ и беа придружен бенд на легендарниот американски блузер Џон Ли Хукер на неговите британски турнеи во 1964 година.
Во средината на таа деценија, во бендот свиреше и Клептон, со кого е снимен албумот „Bluesbreakers with Eric Clapton“, кој денес има статус на блуз класика.
Во раните 70-ти се преселил во Америка и продолжил неуморно да свири и снима со бројни блуз, рок и џез музичари, а оваа година станал член на Рокенрол Куќата на славните.