Почина Дејвид Рокфелер. Си дочека 101 година

Милијардерот и филантроп Дејвид Рокфелер почина на возраст од 101 години, пренесува „Асошиејтед прес“. Тој беше последниот од неговата генерација во познатото семејство Рокфелер.

Портпаролот на Рокфелер – Фрејзер Сајтел, рече дека Дејвид починал во сон во својот дом во Покантико Хилс во Њујорк.

Рокфелер е шестото дете на Џон Д. Рокфелер Јуниор и внук на основачот на Standard Oil – Џон Д. Рокфелер.

По смртта на постарите браќа и сестри, Дејвид остана на чело на финансиската мрежа на семејството, а воедно беше одговорен и за филантропските проекти.

Својот стоти роденден, во 2015-та, го прослави донирајќи ѝ 1.000 акри земја на државата Мејн, САД.

- Реклама -