Почина Дејвид Боуви

Музичарот Дејвид Бoуви почина на 69-годишна возраст по долгогодишната битка со ракот, објави BBC. Информацијата е потврдена и од страна на неговиот син. 

618x346

“Дејвид Бoуви почина во мир денеска, опкружен со своето семејство по жестока 18-месечна битка со ракот”, се наведува во официјалното соопштение.

Семејството им се заблагодари на сите кои ја делат нивната загуба и повика на почитување на приватноста на неговите најблиски во овој момент.

Синот на Боуви ја потврди на Twitter смртта на татка си и посочи дека нема да биде достапен некое време. Боуви го прослави својот роденден пред неколку дена. Неодамна излезе последниот албум на музичарот Blackstar, кој беше прифатен добро од критиката, а истиот содржи 7 песни. Веќе со години се слушаат гласини за здравствената состојба на Боуви. Последниот негов концерт во живо беше одржан во 2006 година во Њујорк и беше добротворен. Големиот чекор напред во кариерата на Боуви се случи во 1972 година. Меѓу неговите најпознати дела се Let’s Dance, Space Oddity, Heroes, Under Pressure, Rebel, Rebel, Life on Mars и Suffragette City. Сочувство изрази британскиот премиер Дејвид Камерон. 

Пораснав, слушајќи го и гледајќи го поп генијот Дејвид Боуви, пишува Камерон на Twitter.

Актерот Расел Кроу сподели свои фотографии со музичарот и исто така го искористи Twitter за да изрази восхит кон Дејвид Боуви.

“Збогум, пријателе. Ти ни даде сè. Ти благодарам за музиката и вечерите, и смеата, и пријателството. Секогаш ќе те сакам.”, Напиша Moby.  

Goodbye my friend. You gave us everything. Thank you for the music and the dinners and the laughter and the friendship. I will always love you.

Posted by Moby on Monday, January 11, 2016

- Реклама -