Новата политика на Facebook во однос на заштитата на приватноста на корисниците беше дочекана со лавина критики, а некои повикуваат и на масовен егзодус од оваа социјална мрежа. Ова се обидуваат да го искористат другите социјални мрежи на Интернет, за да се изрекламираат и да привлечат нови корисници.
Новата политика на Facebook во однос на заштитата на приватноста на корисниците беше дочекана со лавина критики, а некои повикуваат и на масовен егзодус од оваа социјална мрежа. Ова се обидуваат да го искористат другите социјални мрежи на Интернет, за да се изрекламираат и да привлечат нови корисници.
Еве неколку социјални мрежи кои имаат цел да ги угостат фрустрираните Facebook корисници, а кои според Huffington Post, кој го направи изборот, можат да послужат и како побезбедна алтернатива на Facebook.
Pip.io
Им дозволува на корисниците сами да ја изберат својата публика и да направат организација на контактите така што да „можете да кажете што сакате и на оние кои сакате да го знаат тоа“. Овозможува креирање Rooms, приватни опкружувања кои не можат да ги видат личности од надвор, како што можат на Facebook. Pip.io нема ограничувања во бројот на карактерите, интерфејсот е прегледен, едноставен и лесен за користење.
Google Buzz
Google неодамна go претстави сервисот Buzz, кој овоможува следење на постовите на e-mail контактите. На него не е потребно да се отвора профил, доволно е само да имате Gmail сметка, а поврзан е со Picasa, Twitter, Flickr и со Google Reader. Опцииите за приватност можат да се менуваат од пост до пост и тие остануваат меморизирани.
Diaspora
Диаспора е дело на четири студенти на Институтот за метаматички науки Courant кои создадоа децентрализирана социјална мрежа која ја контролираат корисниците. New York Times за оваа мрежа напиша „Создавачите целеа на бесплатна дистрибуција на софтвер чиј код е отворен за надоградување од страна на други програмери.“
Ning
Корисниците тука можат да креираат и да уредуваат сопствени социјални мрежи кои ќе се базираат врз интересите и активностите. Магазинот PC World го нарече Ning отворен програмски код кој програмерите можат да го надоградуваат со мали апликации, така што можат да ги извлечат сите функции кои ги сакаат. Ning во април оваа година престана со давање бесплатни услуги. Оние кои дотогаш бесплатно ја користеа мрежата им беа понудени опции за уплата или напуштање на мрежата.
Orkut
Оваа мрежа со седиште во Бразил има околу 100 милиони меѓународни корисници, од кои 18 милиони се американски државјани. Базирана е на поканите на корисниците упатени кон пријателите кои сакаат да им се придружат. Има едноставен интерфејс кој е некаква комбинација на Google и Facebook. Една од подобрите карактеристики е одвојувањето на личните од службените контакти. За да отворите профил на Orkur мора да имате најмалку 18 години. Заштитата на приватноста е проблем со кој оваа мрежа серизно се занимава.
OneSocialWeb (OSW)
OSW има за цел собирање на сите видови медиуми на едно место и тоа бесплатно, отворено и децентрализирано на Интернет. Им останува да ја прецизираат политиката за заштитата на приватноста, иако имаат солидно креирани профили, поврзувања, активности и апликации.
ASmallWorld
Ова е елитна мрежа базирана на покани од пријатели кои се веќе корисници. New York Times ја опиша како „Facebook само за избрани.“, а Wired како „ултраексклузивна социјална мрежа“ на која се супермоделите и други славни личности. Има околу 600.000 корисници, а со оглед на тоа дека е прилично мала „заедница“ од луѓе кои се на некој начин поврзани, некои ја сметаат за „база на лични податоци“.
Bebo
Со околу 34 милиони регистрирани членови Bebo е трета мрежа по популарност во САД, веднаш после Myspace и Facebook. Основана е во 2005, а само една година подоцна ја освои наградата People’s Choice Webby Award за најдобра социјална мрежа. Bebo е за групи луѓе со специфични интереси, како Bebo Bands и Bebo Books, а овозможува и увид во тоа кој го погледнал вашиот профил.
MySpace
До 2006 беше најпопуларна мрежа во САД, но заради бројните проблеми, контроверзи и критики, популарноста значително и опадна. Сепак, после Facebook и понатаму се држи добро. Целата на оваа социјална мрежа беше да стане место за откривање и споделување игри, музика и видео снимки. Од неодамна овозможува и опција со која со само еден клик можа да го сокриете својот профил од сите други освен вашите пријатели.
FolkDirect
Сигурна веб мрежа со ѕидови, групи, разговори во живо, блогови и цврсти опции за зачувување на приватноста кои можат да се контролираат. Вашите податоци никогаш нема да дојдат во рацете на рекламните компании кои подоцна ќе ве затрупуваат со спам, ниту на трети лица кои би можеле да ги злоупотребуваат, пишува нa хоумпејџот на мрежата. Потрагата по пријатели, поставувањето фотографии и пишувањето блогови никогаш не било полесно.
Virb
Virb е онлајн заедница и место каде можете да најдете работи кои ве интересираат. Тоа е социјална мрежа, но и портфолио на фотографи, како и веб страници на бендови. Virb е колекција на се што сакате да споделите на Интернет, од она што некаде сте го нашле до она што самите сте го креирале. Што ќе правите на оваа мрежа, комплетно зависи од вас.
Story of My Life
Овозможува да се позиционирате во онлајн светот, да објавите или да задржите што сакате и како што ви одговара вам, посебно ако тоа се мемоари, животни приказни, биографии и слично.
Friendster
Со повеќе од 90 милиони корисници ова е многу популарна страница во Југоисточна Азија.
Netlog
Има повеќе од 61 милион корисници и популарна е во Европа, Турција, арапскиот свет и канадската провинција Квебек. Претходно го носеше името Facebox и Redbox.