6. Седмиот печат
Во 50-тите години на минатиот век, шведскиот гениј Ингмар Бергман пронаоѓа совршена филмска метафора, за да ги изрази сите егзистенцијални стравови: шахот меѓу персонификација за смртта и европски витез во контекст на средновековната чума. По “Седмиот печат” концептот за надитрувањето помеѓу човекот и мрачниот косач станува симбол на креативна моќ и уметничка храброст. “Седмиот печат” на Бергман е најважниот филм за апсурдот и убавината на постоењето и стравот од смртта. Елегантната црно-бела визија е збогатена од еден од најсилните текстови напишани некогаш за киното.