4. Полна воена опрема
Воениот opus magnum на Стенли Кјубрик е прирачник за инвентивни и политички некоректни навреди. Дијалогот од првата половина на филмот, во која воениот инструктор Хартман (Р. Ли Ерми) ги понижува вербално на секакви начини идните маринци во голема мера е измислен од Ерми кој всушност бил наредник и обучувал млади борци во армијата. “Полна воена опрема” е златен рудник за цитати – од некоректните песнички, расистичките шеги до надреално комичните вербални дуели на војниците во пеколната битка во Виетнам.