3. Добри момци
Во своето ремек дело од 1990-та година, „Добри момци“, Мартин Скорсезе го создава најреалниот филмски портрет на мафијата и отвора ново поглавје во историјата на кинематографијата. Дијалогот во “Добри момци” е автентично парче историја. Гангстерите зборуваат грубо, природно и забавно, нема помпезна драма и патетична предумисла. Овие криминалци немаат особено богат речник, но сè што зборуваат ја плени имагинацијата. Импровизираниот дијалог меѓу Томи и Хенри – “I’m funny how” e класика и материјал за безброј референци во секојдневниот живот на милиони луѓе.