2. Касапски кучиња
Долгометражниот дебитантски филм на Квентин Тарантино во 1992-та драматично го менува пејзажот на американското кино. “Касапски кучиња” е постмодерен гангстерски опус со генијален дијалог. Уште со првата сцена во која неколку криминалци облечени во црни костуми разговараат за сексуалните сугестии во креативноста на Мадона и етиката зад давањето бакшиш, станува јасно дека ова ќе биде револуционерен филм. Долгите сцени богати со дијалог го откриваат грандиозниот талент на Тарантино за пишување на интересни реплики и создавање на исклучителни личности. Денес “тарантиновиот дијалог” е едно од најпознатите феномени во уметноста и популарната култура.