Не може да каже што ја прашувале на распитот за случајот „Рекет“, рече водителката и блиска пријателка на Боки 13 – Лила Филиповска, по излегувањето од Обвинителството, речиси целосно игнорирајќи ги сите останати новинарски прашања.
Лила одби да одговори и дали била во автомобилот заедно со Боки 13 во моментот на неговото апсење на граничниот премин „Богородица“, при обид да ја напушти земјата. За тоа одговор треба да даде Обвинителството, порача таа откако на еден од камерманите што ја следеше одблизу му се обрати со „Дечко, ќе ми ја расипеш фризурата“.
Филиповска го игнорираше и прашањето дали го посетила Боки 13 во затвор, а на прашањето дали му позајмувала пари таа цинично се изнасмеа, по што влезе во автомобилот и новинарите ги поздрави со „Чао, дечки!“. Видеото погледнете го на „ТВ21“.