По раскинот мажите ја следат насекаде!

Таа ужива во вниманието- заслужено!

Screenshot_5

Познатата пејачка и актерка Селена Гомез ужива во својот самотен живот. Откако го остави Џастин Бибер и неговите авантури зад себе, оваа убавица едноставно процвета.

Фановите ја „фатиле“ во хотелот Della Regina Isabella на италијанскиот остров Исчиа, пишуваат американските медиуми.

Селена со насмевка позирала покрај големиот број на обожаватели, а некои дури ја „фатиле“ на необична локација. Во сред возење двајца млади момци на мотор ја замолиле да се слика со нив, а таа фотографијата ја објавила на Инстаграм.

Screenshot_7

Неодамна ја објави и фотографијата за која медиумите веднаш почнаа да пишуваат дека предизвикува љубомора кај нејзиниот поранешен дечко Џастин.

Моделот Танз Вотсон на својот Инстаграм профил објави слика на која ја гушка познатата убавица.

„Џастин и Селена повеќе не се заедно, но меѓу нив секогаш постои силна емоционална врска. Тие се многу добри пријатели“, рекол извор за американските медиуми.

Screenshot_8 Screenshot_9 Screenshot_10 Screenshot_11

 

- Реклама -