По неколку филмски улоги, Џастин Тимберлејк повторно и’ се враќа на музиката.
Поп ѕвездата Џастин Тимберлејк вчера го претстави својот прв сингл по долгата пауза од пет години под наслов “Suit & Tie“, на кој соработува со раперот Џеј Зи и продуцентот Тимберланд. Џастин најави дека новиот албум ќе го објави во текот на годинава.
Некогашниот член на машкиот бенд N’Sync, 31-годишниот Тимберлејк неодамна се ожени со актерката Џесика Бил, а на своите обожаватели минатата недела на “Твитер“ им порача дека “мисли дека е спремен“ со линк до видео на кое излегува од студио.
Тимберлејк, кој има освоено шест Греми награди, во 2006 година зема одмор од музиката по албумот “Futuresex/Lovesounds“ и глумеше во повеќе филмови.