На традиционалната Vanity Fair забава вниманието го привлече Ирина Шајк.
По повод 86-тото доделување на Оскар, традиционално се одржа и пресижната забава Vanity Fair. Иако е нова локацијата, за една од најважните забави во годината, испратени биле над илјада покани.
Една од актерките кои заблескаа на оваа позната и исчекувана забава дефинитивно беше Дајан Кругер која пристигнала во преубав проѕирен модел од чипка со потпис од куќата Валентино.
Прекрасни креации имаа и Џенифер Лоренс, Рис Витерспул, Кејт Хадсон, Пенелопе Круз и многу други.
Џенифер Лоренс за овој повод избрала фустан на Том Форд и изненади со својот малку посекси изглед. Кејт Хадсон носеше луксузен долг фустан со потпис на Зухаир Мурад, а Ени Хатавеј заблеска во креација на Викотор и Ролф.
На забавите присуствуваа многу познати ѕвезди, а најмногу внимание привлече манекенката Ирина Шајк. Трендот ’без долна облека’ е во полн ек во Холивуд, па го применија повеќемина убавици кои сакаат да ја покажат својата витка фигура.