Грција процени дека Олимпијадата во 2004 ги чинела 8,954 милијарди евра, опфајќајќи го создавањето на Олимпиското Село и неколку стадиони.
Но некои од тие стадиони и олимписки градби сега се напуштени со што олимпиското наследство на Грција е серија градби кои се распаѓаат. Според Associate Press некои од стадионите добиле подобар третман од другите. Олимпискиот Стадион е дом на фудбалски тим, но претрпел оштетување од оган за време на фудбалски нереди.
Атлетското село е претворено во домови за работници а стадионот за хокеј беше еден од стадионите на кои беше одржана Специјалната Олимпијада минатата година. Но некои стадиони се користат многу ретко или биле целосно напуштени. Базените се преплавени со жаби, а арените за таеквондо и ракомет многу ретко се користени за неспортски настани.
Специфичните стадиони, како терените за софтбол – спорт кој не е популарен во Грција) и стадионот за одбојка на плажа – настан кој се игра на плажи – се многу ретко користени со исклучок на повремените концерти. За многу Грци овие рушевини се непријатно потсетување за големото трошење кое придонесе кон сегашните финансиски проблеми.