По колку пари да штедиме дневно за да станеме милионери?

„Ако сакате да станете богати треба да штедите повеќе и да почнете што порано.

Богатството е резултат на добар штеден и инвестиционен план. Потребно ви е да донесувате правилни финансиски одлуки и да дејствувате спрема нив“, пишува финансискиот аналитичар Дејвид Бах во својата книга ‘Smart Couple Finish Last’, цитирана од Business Insider.

01FCE71C00000578-3428976-image-a-4_1454493158200

За да се илустрира начинот на кој парите треба да се наталожуваат со текот на времето, Бах создал табела која ни покажува колку средства треба да штедиме дневно во различни периоди од животот, ако сакаме на 65-годишна возраст да станеме милионери.

Планот претпоставува дека започнувате од нула и ги зголемувате заштедите за 12% годишно. Износите кои треба да се издвојат, се во долари. При конвертирање на валутата би можеле да се применат и за нашата реалност, иако тоа би било тешко со оглед на разликата во примањата. Сепак, не заборавајте дека сето oва е прашање на мотивација и правилно распределување на трошоците. Можете да ја користите оваа табела за пример и врз нејзина база да составите сопствен штеден план.

Возраст – дневна заштеда

20 години – 2 долари

25 години – 3,57 долари

30 години – 6,35 долари

35 години – 11, 35 долари

40 години – 20, 55 долари

45 години – 38,02 долари

50 години – 73, 58 долари

55 годин – 156, 12 долари

stedenje

- Реклама -