По историските договори – историска грешка

„Многу сум разочаран од резултатот на нашата дебата за проширувањето“, не криеше претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, по дводневниот самит на лидерите на земјите членки на ЕУ на кој Македонија уште еднаш не доби никакво конкретно зелено светло за почеток на преговорите со Европската унија.

Јункер истакна дека мнозинството членки на Советот биле за почеток на преговори со двете земји, но „одреден број членки не биле подготвени“. Германската канцеларка Ангела Меркел, за разлика од него, немаше проблем да ги именува: Франција, Холандија и Данска.

„Ова е пoгyбна историска грешка. Пoгyбнa историска грешка“, повтори Јункер, предупредувајќи на негативните реперкусии од ваквиот развој на настаните, веројатно земајќи во предвид дека не е мал бројот ни на оние кои токму „историските договори“, кои требаше да ја отворат вратата на ЕУ, ги сметаа(т) за „пoгyбни“.

 

 

- Реклама -