Јужнокорејскиот пејач Псај го најави продолжението на неговиот мега хит „Гангнам стајл“ под називот „Џентлмен“.
Новиот сингл првобитно требало да го носи називот „Ашарабиа“, но бил преименуван затоа што продуцентите сметале дека тој збор би можел да биде навредлив за Арапите.
„Песната е многу забавна“, рекол Псај. Додал дека не смее да открива детали за танцот.
„Можам само да кажам дека на Кореанците им е познат тој танц, но луѓето од другите земји не го виделе“, открил тој.
Премиерата на „Џентлмен“ ќе се случи на 12 април, а Псај првпат во живо ќе го изведе овој сингл на 13 април на концерт во Сеул.
Менаџерот на Псај рекол дека до премиерата има уште седум дена и дека можно е името на песната до тогаш да биде сменето.