Едвард Нортон наскоро ќе се најде во нова улога. Тој и неговата свршеница ќе добијат бебе!
Познатиот американски актер Едвард Нортон наскоро ќе добие дете со неговата свршеница и филмска продуцентка Шауна Робертсон, пишува UsWeekly.
По осумгодишна врска, двојката се вери во 2011 година, а ова им е прво бебе.
„Ед е многу возбуден дека ќе стане татко“, открил пријател на двојката.
Пред врската со Шауна, Нортон беше во врска со Кортни Лав и Селма Хаек.
Тој е познат по улогите во „Fight Club”, „American history X”, „Italian Job”, „Illusionist”, „Painted Veil”, „Moonrise Kingdom”, „The Bourne Legacy”.