По 40 удари со камшик зашто носеле панаталони

Повеќе од 20 Суданки се обвинети за непристојност бидејќи носеле панталони на прослава во близина на Картум. За таквиот чин – носење облека која според суданскиот закон се смета за „срамотна“, ги чека казна од 40 удари со камшик, и плус парична.

24-те Суданки се уапсени откако полицијата упаднала на прославата, која се одржувала во затворена сала во една од локалните згради.

Според активистите за човекови права, полицијата во Судан (мнозинско муслиманска земја) секоја година апси и камшикува десетици илјади жени, а законот се применува произволно. Произволната примена е овозможена поради неконкретноста на самиот закон – опфаќа: „непристојни чинови“ во јавност, носење „срамотна облека“ или „навредување на чувствата на јавноста“.

Според некои од активистите, забраната за носење панталони, шорцеви и тесни здолништа ги дискриминира христијаните во земјата.

- Реклама -