Кога сте задлабочени во читање или работите нешто на компјутерот и кога File Explorer одеднаш ќе ви се појави над сите други прозорци без некоја очигледна причина, не е невообичаено да мислите дека сте хакирани.
Тоа е проблем со кој се соочуваат многу корисници откако Мајкрософт го испорача Windows 11 Moment 2 во 2022 година, со ажуриран дизајн на File Explorer.
Иако всушност е безопасен, овој баг беше значителен извор на фрустрација, до степен што некои корисници почнаа да размислуваат да се префрлат на други оперативни системи.
Еден таков случај беше објавен на Feedback Hub:
„Боже, помина повеќе од една година откако луѓето почнаа да се жалат на ова и сè уште се случува. Овојпат го украде фокусот додека моите шефови имаа презентација и не можеа да се вратат на презентацијата бидејќи не знаеја што се случува. Тоа им Беше непријатно. Почнаа да прашуваат дали треба да го напуштат Windows и да се префрлат на ChromeOS.”
Сега Мајкрософт тврди дека проблемот е решен. Во деталите за ажурирањето од декември 2023 година (KB5033375), Мајкрософт вели дека „ова ажурирање поправа проблем што влијае на прозорците на File Explorer. Тие се појавуваат во преден план кога најмалку ги очекувате“.
Проблемот правеше File Explorer да се отвора без причина на секој час.