Не звучи како голема работа, сé додека не истражите малку за јастозите и варијациите во бојата кај нив. Во 2 милиона јастози, на пример, само еден е син.
Најголемиот дел од јастозите се калливо, зеленкасто-кафеаво-црвени. Таквата боја е одлична за камуфлажа на морското/океанското дно. Но вистината е дека јастозите доаѓаат во многу бои, само што се многу ретки.
Под ретки подразбираме многу поретки од синиот. На пример, црвените и портокаловите јастози ги има 1 на 10 милиони. Тоа што сите јастози по рестораните се црвени е затоа што сите пигменти на јастозите стануваат црвени кога ќе ги испечете. Жолтите и точкастите (портокалово-црни) јастози ги има 1 на 30 милиони.
Уште поретки и поимпресивни се двобојните јастози, на кои боите им се делат точно по средината. Нив ги има 1 во 50 милиони.
Сепак, најретки се албино т.е. кристалните јастози. Нив ги има еднаш на околу 100 милиони јастози.
Да си обоен јастог на морското дно е како да си со една нога во гроб, бидејќи си лесно забележлив и константна мета на предаторите. Но, благодарение на човекот и климатските промени, предаторите ги има сé помалку, па може да се очекува овие ретки јастози да зачестат.