Започната е третата рунда на дистрибуција на вакцини за ковид-19 преку Ковакс механизмот, согласно рамката за фер распределба на анти-ковид19 продукти развиена од Светската здравствена организација во консултација со земјите членки, соопшти денеска Алијансата за вакцинација – GAVI.
Како што стои во соопштението, во првата рунда, најавена на почетокот на февруари, во првиот квартал од годинава дистрибуирани биле 1.2 милиони дози на вакцината на Pfizer и BioNTech, во 18 земји членки.
Во втората рунда, распределени се 237 милиони дози од вакцината на АстраЗенека и Оксфорд, за 142 членки, во текот на мај. Дистрибуцијата е во тек, но како што и претходно беше соопштено, поради застоите, испораката може да и по мај.
Во третата рунда, во текот на второто тромесечје од годинава (од април до јуни), отприлика 14.1 милиони дози од вакцината на Pfizer и BioNTech ќе бидат дистрибуирани во вкупно 47 земји. Во регионот, Албанија ќе добие 23.4 илјади дози, Србија ќе добие 28.080 дози, а БиХ, Косово и Македонија – по 100.620 дози.
Како што се вели во соопштението, при ваквата распределба биле земени во предвид и вакцините распределени во овие земји во претходните две рунди, но и подготвеноста за исполнување на условите за чување (таканаречениот ултра студен ланец, UCC).
Целосната листа на распределбата на вакцини од третата рунда преку Ковакс, можете да ја видите ТУКА.