За време на анализирање на патеката на интерпланетарна сонда била откриена мала месечина која орбитира околу џуџестата планета Плутон.
Неколку години од сега сондата New Horizons на NASA ќе мине крај Плутон со брзина од околу 48.000 километри на час. Со таа брзина судир во било што ќе ја заврши мисијата, па NASA го користи Hubble телескопот за да ја извиди околината.
Моментално месечината ќе го носи впечатливото име S/2012 (134340) 1. Малата месечина им се придружува на Карон, Никс и Хидра и неодамна откриената P4 (сите освен Карон биле откриени од Hubble). Новата месечина била забележана во неколку слики со што јасно се видело дека таа е гравитационо врзана за Плутон. S/2012 (134340) 1 има неправилен облик со ширина помеѓу 10 и 25 километри.
Големиот број на месечини поврзани со толку мало тело и големината на Карон во однос на Плутон налага дека Плутон бил удрен од големо тело во минатото. Овој судир испратил карпи во орбита каде што постепено биле создадени нови тела. Сево ова ги прави операторите на New Horizons доста нервозни. [I may not be a planet, but check out my fifth moon, fools!]