Плус осум неработни дена

wineСобранието вчера ги усвои измените на Законот за празниците. Нови државни празници ќе бидат и 24 Мај – Ден на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.


winepСобранието вчера ги усвои измените на Законот за празниците. Нови државни празници ќе бидат и 24 Мај – Ден на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.

За законот гласаа 58 пратеници, двајца беа против, а двајца воздржани. Се гласаше според Бадентеровиот принцип.

Празници ќе бидат и Бадник, Велики петок, Задушница, Водици, 28 Август – Голема Богородица и првиот ден од Рамазан-Бајрам.

Со измените на законот Нова година и 1 Мај ќе се празнуваат по еден ден. Неработни денови се и 22 Ноември – Ден на албанската азбука, за припадниците на албанската заедница и Денот на мртвите за католиците.

Беа прифатени четирите амандмани предложени од Владата со кои свои празници добија и припадниците на ромската, српската, бошњачката и на влашката заедница.

виа.

- Реклама -