Плитвичките езера се наоѓаат во Хрватска, а регионот каде што се наоѓаат во 1949 година е прогласен за национален парк. Во 1979 година е паркот е вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО. Ова чудо на природата зафаќа површина од 298,85 километри квадратни и воедно е најпосетен парк во регионот.
Познат е по неговата уникатна убавина, водопади, густа шума, езера и богата флора и фауна. Глетката додека сте таму е едноставно прекрасна – тиркизна вода, зелена шума, сино небо. Создаден за уживање.