За подготовка на овој необичен ручек, потребни ви се следниве состојки:
Состојки:
1 кг. компири
2 конзерви (2 Х 185 г.) туна во масло
2 шолји замрзнат златен микс (грашок,пченка и морков)
4 млади кромидчиња
1/3 шолја сечкан магдонос
2 жолчки
3/4 шолји презли
2 супени лажици маслиново масло
Марула, лимон, тартар сос (за сервирање)
Подготовка:
1 Во сад со вода ставете ги излупените компири да се варат. Тргнете ги настрана кога ќе бидат сварени.
2 Во сад ставете туна, златен микс, млад кромид, магдонос и жолчки. Наросете сол и црн пипер. Размешајте ги состојките. Од смесата направете 16 плескавици, а потоа извалкајте ги во лебни трошки.
3 Загрејте маслиново масло на средна температура и почнетр со пржење. Пржете ги од двете страни по 3 минути или додека не добијат златникава боја. Сервирајте ги со марула, лимон и тартар сос.
Наздравје!