Плескавици од тиквички

За да го подготвите овој вкусен рецепт, потребни ви се:

400 гр. тиквички

 

75 гр. брашно

40 гр. пармезан

1 китка магдонос

1 јајце

2 лажички оригано

сол

бибер

морско оревче

масло за пржење

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги на крупно ренде и оставете да се исцедат од сокот. Во чинијата измешајте ги јајцето, брашното, зачинот и пармезанот. Додадете ги магдоносот, тиквичките, промешајте и испржете ги во врел зејтин. Ставете ги на хартиена подлога да се впие маснотијата и сервирајте ги на чинија.

- Реклама -